Економија и трговија

Република Македонија сите свои сили и потенцијали ги насочи кон економскиот развој и креирањето поволен економски амбиент. Со долгогодишна макроекономска стабилност и со ниска инфлација која во просек изнесува 2% во последните 10 години, земјата има избалансирани јавни финансии со низок буџетски дефицит, стабилен девизен курс и низок јавен долг кој изнесува 32,5% од Бруто домашниот производ. Во изминатите три години спроведени се низа реформи во делот на пазарот на труд, како и активни мерки за вработување, со што невработеноста се намали за околу 4%. Сеопфатните реформи ја подобрија вкупната бизнис клима, поради што вкупниот износ на странски директни инвестиции во Република Македонија во периодот од 1998 до 2009 година изнесува околу 3 милијарди евра. Токму за постигнатите резултати, во последните три години Македонија се вброи во врвните реформатори во светски рамки, согласно реномираниот "Doing Business" извештај на Светска Банка, посочена како најповолна земја за отпочнување бизнис во Југоисточна Европа. (http://www.doingbusiness.org/reports/subnational-reports/south-east-europe)

 

Република Македонија е потписник на мултилатералните договори за слободна трговија со земјите од ЕФТА (2000 год.) и ЦЕФТА (2006 год.), додека со Договорот за стабилизација и асоцијација со Европската унија (2001 год.), Македонија доби поповолна позиција на пазарот на Европската унија, целосна либерализација за македонските производи за влез на тој пазар и либерализација на производите од ЕУ на домашниот пазар.

 

Индустрија

Стратешки индустриски сектори во Република Македонија се: земјоделството, индустријата за преработка на храна, металургијата, текстилната индустрија, производството на автомобилски делови, градежништвото, хемиската индустрија, информатичките технологии.

grozdober 

Земјоделството е еден од најзначајните сектори во македонската економија, претставувајќи 8.9% од БДП во 2008 година со стапка на раст од 7.1%. Производството на свежи и квалитетни земјоделски производи е одлична основа за развој на индустријата за преработка на храна. Прехрамбената индустрија има силна репутација во однос на квалитетот на производите и одличен пробив кон регионалните пазари, а и пошироко. Најзастапени македонски производи се овошјето, зеленчукот, виното, овчото и козјото сирење. Учеството на прехрамбената индустрија во БДП е 6%, опфаќа 12.000 вработени или 11% од вкупните вработувања во индустријата на земјата.

 

Република Македонија има геолошката структура богата со суровини и минерали – метали, неметали, декоративен камен иsurovini мермер, енергетски минерали, итн. Од целокупното индустриско производство металургијата опфаќа 12%. Основни извори на ресурси на оваа индустриска гранка се рудниците на олово, цинк, бакар, железо, никел и феро-силициум. Развојот на металургијата претставува основа за развој на целата индустрија и е значаен двигател на економскиот развој, вработувајќи околку 11.000 лица.

 

Постоечката традиција и високо-квалификуваниот кадар овозможија индустријата за производство на авто-делови да продолжи непречено да се развива. Производството на автомобилски компоненти кое започна уште од 1960 година за српската Застава, во последните години се репрофилира и се осовремени со влегувањето на гигантите Џонсон Контролс и Џонсон Мети, кои инвестираа во отворање производствени капацитети во слободните индустриски зони. Деловите произведени во Македонија се пласираат на пазарите во Европа, Русија, Турција, Африка, итн.

 

tekstilnaТекстилната индустрија е уште една традиционално развиена гранка, која придонесува кон БДП од индустријата со 15.6%. Македонскиот текстил е високо ценет и препознатлив производ на светскиот пазар. Расположливите текстилни капацитети ја имаат потребната инфраструктура, модерна технологија и квалификуван кадар. За националната економија, текстилната индустрија е особено значајна поради високото апсорбирање на работна сила (37.84% од вкупните вработувања во индустријата) и остварениот извоз (30.8%).

 

Најновата и најбрзо растечка индустриска гранка е во сферата на информатичката технологија. Македонија има најдобраIT2 телекомуникациска мрежа во регионот со 100% дигитален систем. Во чекор со глобалните трендови, македонскиот телекомуникациски пазар се развива рапидно, особено во сегментот на мобилната телефонија. Законот за електронски комуникации, кој стапи во сила кон средината на 2005 година, е хармонизиран со регулативата на ЕУ, обезбедува стабилна и конзистентна регулација на комуникацискиот сектор и целосна либерализација на пазарот со цел привлекување инвестиции од домашни и странски оператори. Република Македонија високо на својата развојна агенда го постави развојот на информатичкото општество базирано на знаења, преку развој и примена на ИКТ во сите сфери на животот, и создавање современи и ефикасни сервиси за граѓаните и за бизнис-заедницата. Помеѓу приоритетните чекори за достигнување на оваа цел се: воспоставувањето електронски сервиси за јавни услуги; обезбедување подобра економска ефикасност, конкурентност и профитабилност преку реорганизирани и подобрени бизнис-процеси со соодветни модели за имплементација на е-бизнис во компаниите; создавање современ и прилагодлив образовен и истражувачки систем и поттикнување на ориентираноста кон ИКТ во образованието, науката и културата. Интензивните напори за воведување и масовно ефикасно користење на електронските комуникации и информатичките технологии, придонесуваат кон вклучување на Република Македонија во глобалната вмрежена економија и остварување значаен економски раст и развој.

 

Во сите индустриски сфери значајни напори се вложени во развивањето на еколошки технологии и зачувување на животната средина, пред сè преку воспоставувањето систем на интегрирани дозволи за индустриските капацитети кои се класифицирани како сериозни загадувачи. Република Македонија ги заснова своите идни развојни програми врз концептот за максимално искористување на богатството на обновливи природни ресурси, а во насока на зелен и одржлив развој. Покрај многубројните сончеви денови кои овозможуваат непречено искористување на соларната енергија и хидропотенцијалот, Македонија се наоѓа во еден од 19-те геотермални региони на планетава, каде се евидентирани повеќе од 25 природни извори на геотермални води.

 

Технолошко-индустриски развојни зони

За поттикнување на економскиот развој и промоција на Република Македонија како бизнис дестинација за етаблирани странски компании, отворени се четири слободни Технолошко-индустриски развојни зони, од кои две се во Скопје и по една во Штип и Тетово. Овие четири зони нудат низа поволности кои се привлечни за инвеститори во најнапредните индустрии. Владата на Република Македонија работи на развојот на уште седум Технолошко-индустриски развојни зони на територијата на државата, со цел да се постигне рамномерен економски развој во целиот регион. Целта на оваа иницијатива е Република Македонија да прерасне во бизнис центар на Југоисточна Европа со понуда на инфраструктура од светска класа, поддржана со најквалитетни услуги и неспоредливи поволности во регионот и пошироко.

 

DTIDZ_logoДирекцијата за технолошки индустриски развојни зони, основана во 2000 година е задолжена за натамошна имплементација на стратегијата за брз економски развој и забрзување на глобалниот економски прогрес на Република Македонија. Прв корисник на Технолошко-индустриската развојна зона Скопје 1 беше Џонсон Контролс, чија фабрика беше комплетирана и пуштена во употреба при крајот на 2007 година.

 

Повеќе информации се достапни на веб-страната на Дирекција за технолошко-индустриски развојни зони

 

Странски директни инвестиции

Подобрувањето на бизнис климата и условите за инвестирање, квалификуваната и високо-образувана работна сила, како и растечкиот интерес за македонскиот инвестициски потенцијал, привлече голем број меѓународни компании кои отпочнаа бизнис операции во земјата, како гринфилд проекти, но и преку приватизација и инвестиции во постоечки фирми и капацитети. Некои од позначајните странски инвеститори се: Johnson Matthey (Велика Британија), Mobilkom Austria (Австрија), EVN (Австријa), T-Home (Германија), Societe Generale (Франција), Johnson Controls (САД), National Bank of Greece (Грција), Hellenic Bottling Company S.A. (Грција), QBE Insurance Group Limited (Велика Британија), Mittal Steel (Холандија), Duferco (Швајцарија), and Titan Group (Грција).

 

Уставот на Република Македонија гарантира еднаков третман за сите учесници на пазарот, како и правото на странските инвеститори за слободен трансфер и повраток наInvest инвестираниот капитал и профит. Во суштина, не постојат ограничувања на странските инвестиции во земјата, освен во сферите на историските споменици, културното наследство и трговијата со наркотици. За подетални информации посетете ја веб-страната на Invest in Macedonia.

 

Трговска размена

Околу 60% од вкупната трговија Македонија ја врши со земјите од Европската унија. Земји со кои Република Македонија остварува највисоко ниво на трговска размена се: Германија, Србија, Грција, Италија, Бугарија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Албанија, Холандија, Велика Британија.

 

Транспорт

Република Македонија е централна крстосница на регионот на Југо-источна Европа, и поради таа позиција е идеален центар за транзит и дистрибуција на производи кон европските пазари. Развиената патна и железничка инфраструктура, во комбинација со релативно малата територија на земјата овозможува пристап до секое населено место во Македонија за помалку од 3 часа. Низ нејзината територија проаѓаат два големи пан-Европски транспортни коридори – 8 и 10, кои ја поврзуваат централна Европа со Јадранското, Егејското и Црното море. Патната инфраструктура континуирано се надградува и осовременува според најновите светски стандарди. Железничката мрежа се простира на преку 900 км, а главната железничка конекција север-југ, од Белград кон солунското пристаниште проаѓа низ главниот град Скопје. Република Македонија има два меѓународни аеродроми, во Скопје и Охрид (www.airports.com.mk).

 

Визија за иднината

Трите столбови врз кои Република Македонија ја гради својата иднината се трите „Е" – Европа, економија и енергија - три меѓузависни и тесно поврзани концепти кои се клучни за севкупниот развој на земјата. Визијата за развој на индустријата во периодот 2009-2020 е насочена кон развој на проактивни индустриски политки кои ќе го охрабрат ориентирањето на македонската индустрија кон производи со повисока додадена вредност и услуги засновани на знаење, иновација и соработка. Иднината на македонската индустрија е во развојот на можностите за применети истражувања и производство на одржливи, органски, како и специјализирани високо-технолошки производи и услуги кои ќе ги пресретнат побарувањата на меѓународните пазари. До 2020 година Македoнија ќе развие микс од одржливи и автентични индустрии како: органско вино и храна, еко-челик, еколошка изградба, информатички и софтверски продукти, специјализирани електронски делови, производство на обновлива енергија, креативни индустрии, медицинска опрема и услуги, автентичен туризам, итн.

 

Економијата низ бројки

БДП (проценка од 2011 г.): 9.8 милиони УСД

БДП по глава на жител (проценка од 2010 г.): 9.400 УСД

Реален раст на БДП (проценка од 2011 г.): 3.5%

Годишна стапка на инфлација (2011): 3.4%

Стапка на невработеност (втора половина на 2011): 31.3%

Трговија: значаен извоз на челик, текстилни производи, хром, олово, цинк, никел, тутун, јагнешко, вино.

 

Подетални информации за економските параметри се достапни во: Македонскиот економски водич