Свечено менување на државното знаме во Кабинетот на Претседателот на Република Македонија
Петок, 10 Февруари 2017   

zname_1Во Кабинетот на Претседателот на Република Македонија денеска се одржа церемонија на свечено менување на државното знаме.

На церемонијата, присуствуваа ученици од ООУ "Наум Наумоваки-Борче", од општина Гази Баба, ученици од ООУ " Рајко Жинзифов" од населбата Драчево како и деца од Извидничкиот Поречански Одред "Јадран" од Скопје.

Промената на државното знаме на Република Македонија пред Кабинетот на Претседателот го изврши гардиската единица на Армијата на Република Македонија.

Манифестацијата на промена на државното знаме е со цел подигнување на чувството и почитта кон знамето на Република Македонија како репрезент и симбол на државноста на нашата земја.
zname_2 

  Back<<Назад